Apple мора да рекламира дека Samsung не го украле iPad-от

Во случајот што Apple го покрена против Samsung во британските судови беше заклучено дека дизајнот за Galaxy Tab не е украден од iPad-от, но беше донесенеа и доста понижувачка пресуда за американскиот гигант.

Судијата Колин Брис, кој очигледно е љубител на производите на Apple и во пресудата донесена на 9 јули заклучи дека таблет-компјутерот на Samsung не може да го има ископирано патентот на iPad, бидејќи „Samsung Galaxy Tab го нема едноставниот дизајн и не е толку кул“; сега одреди казна за американската компанија, поради неоснованото покренување судски спор.

Имено, според пресудата на Брис, Apple ќе мора во наредните 6 месеци на својот сајат во Велика Британија да има соопштение во кое се објаснува дека Samsung не го украле дизајнот за својот таблет-компјутер и дека не е прекршен патентот на iPad. Истото соопштение мора да биде дистрибуирано и со неколку британски списанија. [Apple Must Publish Notice That Samsung Didn’t Copy IPad in U.K.]

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

 

- Реклама -