Милиони корисници на iPhone се потенцијални жртви.
Експертите за интернет безбедност откриваат дека стотина iOS апликации, воглавно користени во Кина, се изложени на штетни кодирања.
Стотина милиони корисници на iPhone би можеле да бидат изложени на хакерски напад по првиот голем напад на App Store, тврдат експертите за сигурност на мобилните телефони.
Најмалку 30 апликации се заразени со штетен софтвер, вклучувајќи и WeChat, една од најпопуларните апликации за допишување. Поголем дел од заразените апликации се популарни во Кина, а листата вклучува и некои апликации за банкарство, мибилен интернет, тргување со акции и игри.
Од Apple јавуваат дека спорните апликации се отстранети од базата, а со програмерите работат на тоа новите апликации да ги пуштат што побрзо. Безбедносниот пропуст е предизвикан откако штетен програм, наречен XcodeGhost бил уфрлен во стотина легитимни апликации.
Пред овој напад само пет штетни програми биле пронајдени во апликации кои можат да се набават од App Storeu.