Научниците направија сперматозоиди во епрувета

Научниците тврдат дека направиле плоден човеков сперматозоид во епрувета и на тој начин ќе успеат да се борат против машката неплодност.

sperm_1

Сперматозоидите за прв пат се развиени во „Биореактор“ и велат дека изгледаат идентично со природата. Според зборовите на експерт од Истражувачкиот институт во Лион, технологијата би можела да стане дел од стандардната терапија за неплодност за околу четири години.

Меѓутоа, скептичните тврдат дека нивното откритие не може да се потврди додека истражувањето не го погледнат независни стручњаци.

Тимот предводен од Филип Дуран, директор на биотехнолошки одедел раскажува дека зел незрели герминативни ќелии од тестисите на шест неплодни мажи, а потоа ги развил во биореактор.

„Го обновивме процесот на сперматогенезата – производство на зрели сперматозоиди. Успеавме во тој потфат со примероците земени од три различни видови: глувци, мајмуни и луѓе“, вели Дуран.

Научниците во последните 20 години бараат начин за производство на човекова сперма која може да ги оплоди ќелиите на јајниците во процесот на вештачко оплодување, но засега немале успех.

- Реклама -