Виолинистот од Титаник: Музика, страст и неверство

Кристофер Ворд, британски новинар и писател, во книгата со наслов “Додека оркестарот свиреше: Виолинистот од Титаник”, ја раскажа приказната за својот дедо Џок Хјум, виолинистот кој што настрада при потонувањето на прочуениот брод.

Пренесуваме неколку делови од книгата кои што ги објави британскиот “Daily Mail”.

Последните чамци за спасување заминале уште пред повеќе од еден час. На навалената палуба, додека водата сè повеќе се приближувала до нивните нозе, осуммината музичари и понатаму сè уште свиреле, завршувајќи ја композицијата “Поблиску, Боже мој, До тебе”. Тие се надевале дека токму оваа религиозна песна ќе им пружи утеха на преостанатите 1.500 мажи, жени и деца кои што во секој момент очекувале да им се придружат во ледено студените води на Атлантскиот океан.

222993_titanik-01-ap_f

Сепак, тие едвај ги слушале инструментите од звуците на смртната агонија која што владеела на бродот, додека со столици ги пробивале прозорците од салонот, опсипувајќи ги со срчи.

Конечно, водачот на оркестарот им дал сигнал со главата на своите колеги, се поклонил како и секогаш и изјавил:

“Господа, ви благодарам на сите вас. Исклучителна изведба должна за пофалби. Добра ноќ и среќно”.

Сведоците виделе како потоа членовите на оркестарот и се нурнале во ледено студената вода, која што значела и сигурна смрт.

Еден од тие музичари беше и мојот дедо Џок Хјум, кој што имал само 21 година. Додека на својата виолина ги свирел последните ноти, тој веројатно и знаел дека никогаш повторно нема да ја здогледа својата љубов, Мери Костин, девојката со која што планирал да се ожени по враќањето дома. Токму во Дамфрис, таа била очајна кога дознала дека името на Џок не е на списоците со имињата на оние кои што успеале да се спасат и стигнале во Њујорк. Таа била бремена и носела ќерка – мојата мајка.

669007_titanik01-foto-wikipedia_ff

Откритие кое што ме шокираше

Приказната за мојот дедо уште одамна ме фасцинираше и мислев дека конечно успеав да дознаам сè што можев за Џок, кој што свирел на бродови уште од својата 15-та година. Но тоа не беше така.

Кон почетокот на оваа година, слушнав дека Синан Молони, колекционер на предмети од Титаник, набавил неколку страници од старите регистри. На нив се наоѓаа и имињата од сите оние кои што добиле помош од фондот основан после потонувањето на Титаник, а кој што бил наменет за сиромашните членови од семејствата на жртвите.

Дали токму тука би можело да биде името на мојата баба?

669008_titanik02-foto-wikipedia_ff

Мајката на Кристофер Ворд (лево), мајката на Кристофер Ворд со нејзината мајка, бабата на Ворд (десно)

Имаше податоци токму и за неа. Тие ми покажаа дека во 1915-тата година, три години после трагедијата, неомажената Мери Костин месечно примала 15 шилинзи и два пени како помош за детето кое што го одгледувала без татко.

Го повикав Молони за да му се заблагодарам за тоа што го пронашол, а потоа тој и ме шокираше:

Имам и уште една страница која можеби ќе те интересира уште повеќе.

Тој пронашол податоци за исплатата на помош на жена под името Етел Мекдоналд. А тука пишувало:

“Мекдоналд, госпоѓица Етел, ‘Колонијална банка’, Кингстон, Јамајка. Првиот ден од секој месец, секое тромесечие на сметка во Колонијалната банка да се платат…”

Шок на Јамајка

Како и мојата баба, и Етел примала по 15 шилинзи и два пени за своето дете. И бројот на документот бил ист како и бројот кај мојата баба, 689. Веднаш сфатив што значи тоа. Мојот дедо Џок, за кого дознав дека ги посетувал Карибите, не само што не ѝ бил верен на саканата Мери, туку и на Етел ѝ направил дете на Јамајка. Дете кое што беше моја крв исто така – полубрат или полусестра на мојата мајка, дете кое што веројатно пораснало и имало сопствено семејство.

Тоа значеше и дека можеби имам роднини кои што и понатаму живеат на Јамајка.

Контактирав со јамајканскиот генеолог Доналд Лондо. Му реков дека пред поаѓањето на Титаник Џок минал три месеци во Кингстон, свирејќи во оркестарот на познатиот хотел “Constant Spring”. Тој пристигнал тука на Божиќ во 1910-тата година и заминал следниот април.

Недела дена подоцна Линдо преку e-mail ми испрати копија од изводот на родените на дете под името Кит Невил Мекдоналд, која што Етел го родила на 2-ри ноември во 1911-тата година. За својата професија таа напишала дека е келнерка, а делот со податоците за неговиот татко останал празен.

“Вие сфаќате дека Етел била црнкиња. Ниту една белкиња не би работела во 1911-тата година како келнерка на Јамајка”, му кажал Линдо.

Исечок од списание од пред повеќе од 100 години кој што укажува дека биле собрани сретства за меморијален споменик за членовите на оркестарот кој што го изгубиле својот живот во водите на Атлантскиот океан

Делувало како Етел и Кит да исчезнале од лицето на Земјата.

Шокантната средба со тинејџерката од оркестарот

592507_titanik-spasavanje-2_ff

Пред враќањето дома поминав и во хотелот во кој што свирел Џок. Последните гости заминале пред 70 години, но тоа место и понатаму потсетува на колонијалното минато. Како што се приближуваше времето за заминување, се слушна музиката од 90-члениот училишен оркестар кој што вежбал за својот концерт. Ме повикаа на проба и ме замолија да им се обратам на учениците.

Им кажав на девојчињата дека мојот дедо се викал Џок Хјум и дека токму вештината за ракување на гудалото го донела тука. Додека се подготвуваа да одат дома, една од нив, убава тинејџерка, дојде до мене.

Кристофер Ворд покрај меморијалниот споменик посветен на Томас Мулин, кој што се грижел за патниците на Титаник

“Каква случајност. Моето презиме е Хјум, се викам Габи Хјум. Мојот татко често зборуваше за тоа како нашето семејство е поврзано со Титаник. А уште почудно е што вашите очи имаат иста боја како и очите на мојот татко, рекло девојчето.”

Почувствував морници…

“Кое е името на твојот татко?”, запрашав.

“Невил. Тој е мртов сега, почина кога имав осум години”, одговори таа

“А твојот дедо?”

“Мислам дека се викаше Кит. Да, Кит Невил Хјум.”

Линдо и јас се погледнавме. Како можев да не помислам на можноста дека Кит Мекдоналд го променил името во Кит Хјум, во чест на својот мртов татко? Потоа се сретнав со мајката на Габи, Тања, и нејзините останати деца, Вања и Вилијам.

Кристофер Ворд и Габи Хјум

Сите беа среќни кога им соопштив дека сме во крвно сродство…

Тања, Габи и Вилијам Хјум

- Реклама -