Листа на најдобрите телевизиски серии на сите времиња.
Рангирањето е составено од “Холивуд репортер” врз основа на анкета во која учествувале режисери, продуценти, актери.
Friends ја предводи листата на 100-те најдобри телевизиски серии на сите времиња.
“Пријатели” е американска комична серија од 236 епизоди по 22 минути. Истата го следи животот на шестмина пријатели кои живеат во Менхетен, Њујорк. Создадена е од Дејвид Крејн и Марта Кауфман. Финалната епизода на серијата ја следеле околу 51.1 милиони луѓе. Улогите ги толкуваат Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Метју Пери, Дејвид Швимер, Мет Лебланк. Добитник е на многу награди, меѓу кои 6 “Еми” и “Златен глобус”.
На второто место е американскaта серија Breaking Bad , создадена и продуцирана од Винс Гилигeн. Oд 2008 до 2013 година серијата постојано е одликува со наградите “Еми”. Breaking Bad ја раскажува приказната за Волтер Вајт, наставник по хемија, кој се бори со рак на белите дробови. Сакајќи да ја обезбеди финансиски иднината на своето семејство, тој започнува живот на криминалец, произведува и пласира метамфетамин, заедно со еден од неговите поранешни студенти Џеси Пинкман (Арон Пол).
Како трета серија е оценета “The Х Files”. Американскиот научнофантастичен серијал е создаден од Крис Картер. Во него главните улоги се доверени на Дејвид Духовни и Џилијан Андерсон. Започнува во 1993 и трае до 2002 година. Се работи за агенти на ФБИ, кои испитуваат паранормални феномени.
Во рангирањето на најдобрите телевизиски серии на сите времиња следат хитовите Game Of Thrones и криминалистичка серија The Sopranos, што го заземаат четвртото и петтото место. “Симпсонови” е на 10-ата позиција.