Креативната фабрика на Гилермо дел Торо

Мажите обично имаат своја „mancave“ („машка пештера“, како што ја нарекуваат Американците) – соба, шупа, подрум, катче каде што обичниот момак може да се одмори од секојдневните задолженија и да прави „машки ствари“. „Речиси оскаровецот“ Гилермо дел Торо, мајсторот на темната филмска фантазија, има цела таква куќа.

crimson-peak-guillermo-del-toro-release-date[1]

Погодувате како ја нарекува? „Bleak House“ (во превод: „мрачна куќа“). Во неа ќе видите еден куп сувенири од сите периоди на неговата режисерска кариера, во која дел Торо наизменично „понира“ помеѓу темни бајковити дела како The Devil’s Backbone (2001) и Pan’s Labyrinth (2006) и мејнстрим хитови како Blade II (2002), Hellboy (2004) и Pacific Rim (2013). По повод Criterion изданието на уште еден од неговите познати филмови – Cronos (1993), дел Торо не води на видео тура низ неговата фабрика за инспирација.

Местото личи на ексцентричен музеј. Дел од инспирацијата црпи од креденците во европски стил, исполнети со разноразни стари предмети од некои минати времиња. Ѕидовите, пак, се натрупани со слики, принтови и ретки, необични и интригантни тракатанци. Речиси секое ќоше е преплавено со скелети, черепи, пипци и други морничави предмети сместени во шишиња со формалдехид.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

110207_r20497_g2048-1200[1]

Добар дел од инспирацијата дел Торо наоѓа и во оригиналната истражувачка библиотека на студиото Дизни, од која самите аниматори на студиото ја хранеле својата фантазија. Така, Гилермо има оригинални фрејмови од Gertie the Dinosaur на Winsor McCay (некои го сметаат за првиот анимиран филм), има цртежи од Моебиус, а и фотографии од Хичкок. Сето тоа е сместено помеѓу планини од книги, списанија и DVD-ја.

Како што вели самиот режисер, „Сé што е тука, е тука за да предизвика шок во системот и да ја поведе во циркулација крвта на креативноста, што за мене е љубопитноста. Кога ја губиме љубопитноста, ја губиме целокупната инвентивност и стануваме стари“.

Така, слободно можеме да речеме дека Гилермовата „mancave“ e повеќе еден вид на компресиона комора дизајнирана како стимулативна средина за секој уметнички ум.

- Реклама -