Масимо Савиќ е успешен пример за човек кој иако подлегнал на пороците сепак успеал да се откаже од нив и да сфати кои се неговите приоритети. Масимо беше член на жирито на овогодинешното музичко шоу „Икс фактор“. Тој во едно интервју признал дека во младоста конзумирал дрога.
Експериментирав со дрогата, не водев грижа за себе, за тоа како изгледам. Пробував разни дроги, кои тогаш во Југославија се појавија, а полицијата не знаеше ништо за тоа, па така бевме и послободни. Тој период ми беше тежок и поради смртта на моите пријатели во ЕКВ. Затоа и тој период бев надвор од конторла.Но, јас не го сакав тоа, Тоа не беа моите приоритети.
За среќа се извлеков лесно од дрогата, а најмногу поради тоа што знаев дека сакам да имам семејство и да бидам татко. Сакав да бидам некој кој ќе може да се грижи за својата ќерка и да пружи убав живот.