Во модната индустрија отсекогаш владееле оние кои го диктираат темпото на манекенките. Изгладнувањето и прекумерните вежби се секојдневие на оние девојки кои сакаат да го „следат својот сон“ и да станат познати модели. Модата направи манекенките да личат повеќе на костури отколку на здрави и нахранети девојки.
За среќа, најновиот тренд завладеа пред неколку месеци и донесе право освежуваше на модните писти ширум светот. Плус сајз манекенките се девојки кои имаат самодоверба и можат да го пренесат тоа на сите околу нив.
Овие девојки воопшто не ги интересира што другите мислат, и како некој може да ги подржува толку слабите девојки. Кејт Аптон е една од девојките кои имаше голема желба да дел од манекенките на Викторија Сикрет, но за жал таа беше одбиена торади нејзините облини.
Најнов пример е Ешли Греј, девојка која на Њујоршката недела на модата се појави во костум за капење.