Запознајте се со SKEYE Pico Drone – најмалиот дрон некогаш создаден
Неговите димензии се 2.2 х 2.2 см, а тежината е само 7 грама.
Како нешто што е толку мало може да лета?
Благодарение на Fly Technology (RTF) и три нивоа на чувствителност, SKEYE Pico Drone е неверојатно лесен за контрола и маневрирање. Далечинскиот управувач има опсег до 50 метри, со кој што дронот може да се крева на иста висина.
Способен е да лета меѓу 7-8 минути, а времето за целосно полнење на батериите е 30 минути.
Неговата цена е 49 долари. Уредот се произведува од страна на холандската компанија TRNDlabs.