Оваа манекенка се прослави со појавувањето во спотот за песната Blurred Linnes, каде транцуваше топлес, за кој неодамна таа изјави дека се кае.
Emily Ratajkowski на својот Инстаграм профил постира слика од себе како преслатко девојче. Убавата манекенка самата си направи шега на своја сметка со трегерите кои ги носи на сликата.
Неодамна таа ги изненади своите обожаватели со интересна фотографија на која таа позира со кратка коса, и на која покажува дека одлично и стои, но сепак на крајот испадна дека тоа е само перика.
24 – годишната Емили моментално можеме да ја видиме во филмот We are your friends, кој наскоро ќе дојде и во нашите кино сали.