Познатата глумица ги воодушеви сите со својот изглед на филмскиот фестивал во Торонто. Црвениот фустан одлично и прилегаше на телото, истакнувајќи ги бујните облини. Со природниот изглед Селма Хајек беше ѕвезда на црвениот тепих.
Познатата Мексиканка изгледаше неверојатно во овој фустан, и таа секако самоуверено позираше пред фотографите покажувајќи го својот изглед.
Актерката неодамна го прослави својот 49-ти роденден, и можеме само да кажеме дека Селма одлично се држи. Многу колешки можат само да и завидуваат.