Српската поп дива Наташа Беквалац заедно со својата сестра Кристина отпатуваа на својата омилена дестинација, шпанскиот остров Ибица, каде што пејачката ќе го прослави својот 35-ти роденден.
Наташа Беквалац на островот на забавата замина со сестра и Кристина и најдобриот другар, со кои ќе ужива на затварањето на летната сезона.
Сопругот на пејачката, Љуба Јовановиќ не отишол со нив поради работните обврски. Овој пат Наташа сама ке остане 7 дена, по што се враќа во Белград каде што ја очекуваат завршните работи на новиот албум и промоцијата на спотот кој таа го сними пред да замине на одмор.