FIAT 500L – прв автомобил со вграден кафемат

Во обид да создаде што е можно поиталијански автомобил, Fiat најави дека новата верзија на Fiat 500 ќе биде достапна со вграден кафемат.

Ова навистина не е изненадување, но сепак FIAT 500L, кој беше лансиран оваа недела во Торино, е првиот автомобил кој нуди апарат за еспресо како додаток. Дизајниран во соработка со познатиот италијански производител на апарати за кафе, Lavazza, и користејќи го “A Modo Mio” системот на компанијата апаратот за еспресо се интегрира во патничкиот простор.

Системот не користи кабли за напојување и е опремен со неколку додатоци кои ќе ја одржат внатрешноста на автомобилот средена и чиста, па така покрај апаратот за кафе добивате и држач за лажички и сад за шеќер.

- Реклама -