Пештерско село замрзнато со времето

Во сицилијанската провинција Трапани има портал во времето со височина од околу осумдесет метри и седумдесет метри длабочина.

Во внатрешноста на отворот во карпите меѓу два планински врва се наоѓа мало село кое се состои од старомодни куќи во земски бои, капела и една калдрма, што е главната улица.

Плоштадот на селото, или т.н. Пјаца на Grotto Mangiapane, се наоѓа на влезот на пештерата.

selo1

Првичниот живот во регионот може да се проследи наназад до Палеолитот, а цртежите на ѕидовите на пештерата го докажуваат тоа. Селото е именувано по семејството Mangiapane, кое се населило и живеело тука до 1950 година, и било познато по производство на сирење.

selo2

Постојат многу малку информации за населеното место, иако италијански истражувач го посетува во 1870 година, опишувајќи го како мирно место “далеку од метежот на големите градови”, каде што тој бил добро пречекан.

selo3

По периодот во кој селото е напуштено, куќите биле обновени од страна на локални ентузијасти со помош на еден од последните преживеани членови на семејство Mangiapane, а месноста денес изгледа токму  како и пред повеќе од еден век.

selo4

Денес селото е еден мал отворен музеј, кој им овозможува на посетителите да се вратат назад во времето и да поминат низ секојдневниот живот на жителите на селото, влегувајќи во нивните спални, допирајќи го нивниот мебел и користејќи ги нивните земјоделски орудија.

selo5

Тука сепак не можете да очекувате водич секој ден од седмицата, а локалните луѓе не зборуваат англиски.

На влезот на пештерата има историски информации, а цената за турата е 3 евра. Посетата ќе вреди секој цент.

selo6

- Реклама -