Дали Apple конечно излезе од сенката на Стив Џобс?

На секој кој не е вработен во компанијата Apple, првата асоцијација со фирмата веројатно и понатаму му е покојниот Стив Џобс. Сепак, според последните најави, по произвoдите и стратегијата, Apple се оддаечува од идеологијата на Џобс и начинот на размислување.

аппле

Минатата седмица компанијата го претстави најновиот производ со името Apple Pencil заедно со 12,9 инчниот таблет (iPad Pro), иако Џобс во неговиот говор од 2007 година, на претставувањето на Multi Touch технологијата изрази гадење кон употребата на стилус.

„Кој сака стилус?!“, рече тој.

Тим Кук, кој ја превзема улогата на извршен директор од Џобс, отсекогаш имаше поинакво мислење во однос на покојниот основач. Неговата одлука iPhone 6 i 6 Plus да бидат поголеми од четири инчи, што е максимална дијагонала, која би ја одобрил Стив Џобс, се покажа како одлична, со оглед на тоа што три месеци по преставувањето на моделите, токму тие се најпродаваните во историјата на компанијата.

Втор пример е отстапувањето од замислите на Џобс кај Apple TV. Стив отсекогаш беше против тоа Microsoft i Apple да прават било какви стриминг сервиси. Ни  Apple Watch веројатно не би му бил по желба, а тоа е уред кој е целосно дизајниран под водството на Кук.

hitportal-steve-jobs

Претставувањето на iPad mini од 7,9 инчи во 2012, наспроти аверзијата на Џобс кон ваквите уреди е уште еден пример на клучно поместување во работата на технолошкиот гигант.

Интересно е тоа што резултатите од промените дадоа одлични резултати, па акциите на Apple скокнаа од 54 на 110 долари од смртта на Џобс, а уделот на iPhone на пазарот на мобилни телефони вртоглаво порасна на светско ниво.

Кук на комеморацијата на Стив Џобс во 2011. изјави дека покојниот основач му оставил аманет никогаш да не се прашува „Што би направил Стив Џобс“.

„Направи го она што е правилно“, го советувал тој. „Време е сите ние да престанеме да се прашуваме ‘што би направил Џобс?“

tim-cook-apple-wwdc-2015

- Реклама -