Пилоти на Боинг ќе патуваат во вселената

вселенаОд Боинг велат дека двајца нивни вработени ќе бидат екипаж на првата мисија на нивната нова вселенска капсула. Американската компанија потврдува дека ќе употреби Атлас 5 ракета за тестирање на CST-100 капсулата во три летови во 2015 година. Капсула без екипаж ќе биде употребена за првиот и вториот лет, но во третиот лет двајца тест пилоти на Боинг ќе ја посетат вселенската станица со капсулата.

Планот зависи на успешната развојна програма и достапноста на финансиски средства. Боинг е една од неколкуте компании кои добиваат охрабрување од американската вселенска агенција (NASA) за развивање на комерцијално летало за транспорт на екипаж до ниска земјина орбита. Идејата е NASA и останатите светски вселенски агенции да плаќаат за место на ваквите летала за да стигнат до меѓународна платформа во орбитата и други дестинации кои еден ден би можеле да опфаќаат и приватни вселенски лаборатории или дури и хотели.

Минатиот месец NASAги пензионираше своите спејс шатли, делумно заради големите трошоците поврзани со нивното одржување. Агенцијата верува дека со предавањето на оперативната одговорност на комерцијалниот сектор, цената за достигнување на ниска орбита значително ќе биде намалена. NASA му дава финансиска подршка на Боинг за развивањето на CST-100. Конусниот дизајн ќе може да носи до седум лица. Изборот на Атлас 5 за лансирање на CST-100 не е големо изненадување. Ракетата има успешна историја – 27 летови со сто процентен успех.

Ракетата е исто така оперирана од компанија која е во делумна сопственост на Боинг – United Launch Alliance. Сепак, Боинг вели дека оваа врска не влијаела врз изборот на Атлас, туку дека еднсотавно Атлас била оценета како најдобра ракета за задачата. „Нашиот пристап е да создадеме сигурно вселенско летало врз основа на веќе постоечки едноставен систем и потоа да го интегрираме со докажана ракета, се со цел да создадеме многу безбеден систем кој ќе може да започне со работа што е можно поскоро за да можеме да почнеме да испраќаме американски екипажи од американски бази по пензионирањето на шатлот“ вели Џон Елбон, заменик претседател и програмски менаџер на Програмите за Комерцијални Екипажи на Боинг.

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Во 2015 година Атлас ракетите ќе ја лансираат капсулата три пати. Во првиот лет целта ќе биде достигнување на орбита. Во вториот лет CST-100 ќе тргне кон вселената но на пола пат ќе симулира прекин на мисијата. Во оваа процедура, капсулата ќе се оттурне од ракетата во сред лет како да постои некој проблем со ракетата. Ова ќе биде критичен тест за безбеднсота на астронаутите и мерките инсталирани во капсулата за реакција во случај на оасност. Ако овие демонстративни летови бидат успешни во третата мисија двајца тест пилоти на Боинг ќе отидат сè до Меѓународната Вселенска Станица со CST-100. По успешните тестови CST-100 би бил подготвен за комерцијални летови со почеток во 2016 година. [Boeing pilots to make space trip]

- Реклама -