Мудрости од ризницата на Маркес

Избравме 15 значајни цитати од книгите на Габриел Гарсија Маркес, кои не учат како треба да живееме, што пропуштаме и што имаме.

Gabriel_Garcia_Marquez

Габриел Хозе Гарсија Маркес (шпански: Gabriel García Márquez; 6 март 1928 – 17 април 2014) е колумбиски писател, новинар, политички активист и добитник на Нобеловата награда за литература. Роден во Аракатака, северна Колумбија, главно живее во Мексико и Европа, а во моментот најголем дел од времето поминува во Мексико Сити. Сè поголем број литературни критичари се согласуваат дека Маркес, заедно со Хорхе Луис Борхес и Хулио Кортазар, е еден од најголемите латино-американски писатели на 20 век.

Не дозволувај да умреш, без да го доживееш чудото – да спиеш со човекот што го сакаш.

images

Ниту еден лек не може да го излечи она што може да го излечи среќата.

images (1)

Во семејниот живот е многу полесно да ја избегнеш несреќата отколку здодевните ситници.

images (2)

Морате да го послушате гласот на детето кое сте биле некогаш и што сигурно тлее некаде внатре во вас. Ако го слушаме детето во нас, нашите очи повторно ќе заблескаат. Ако не ја загубиме врската со ова дете, нема да се скрши и нашата врска со животот.

childhood-memories-charles-vaughn

Биди смирен. Умирањето е потешко отколку што мислиш.

20130102_001609_by_tay12345654321-d5q832p

Сите сакаат да живеат на врвот на планината, без да знаат дека вистинската среќа лежи во начинот на кој се искачува стрмната падина.

Ако во една работа е вмешана жена, знам дека сè ќе биде добро. Совршено јасно ми е дека жените го движат светот.

49afe38a9483daeb0aa79ef4e65b102a

Инспирацијата доаѓа само за време на работа.

images (3)

Сè нешто е живо. Треба само да успееш да ја разбудиш неговата душа.

download

Ако се судрите со вистинската љубов, таа никогаш нема да си замине од вас – ниту по недела, ниту по месец, ниту по година.

i_love_art_ii_by_z_nao_factor

Човекот не се раѓа еднаш засекогаш на денот кога доаѓа на виделина. Животот го присилува повторно и повторно, уште многу пати да се роди повторно.

images (4)

Јас не носам капа, за да не ја симнувам пред никого.

download

Зошто е потребно да се губат толку зборови со кои ќе се опишува она што го чувствува човек во војна, кога е доволен само еден збор – страв.

10

Ние сме опкружени со необични, фантастични нешта, а писателите упорно ни раскажуваат за неважни, секојдневни настани.

Прекрасен квалитет е способноста да размислуваш на минатото со радост, без тага и каење.

- Реклама -