Корејскиот уметник Јонг Хо Џи користи стари гуми за создавање на неговите неверојатни скулптури од ајкули, коњи, чудовишта и луѓе. Голем дел од неговите дела се предупредувања за опасностите од генетски манипулации.
Концептот за мутанти на Хо потекнува од неговиот живот во Сеул, каде што има жестока дебата за генетскиот инженеринг. Во училиште, Јонг Хо го читал Дарвин и бил заинтересиран од тоа како неговата теорија за еволуција важи и за човековата манипулација на природата. Веќе гледаме, вели тој, дека кучињата и мачките се одгледуваат со акцент врз нивните питоми особини, додека нивните диви страни се потиснати. Скулптурите можат да бидат сфатени како предупредувања; ако не внимаваме, наскоро би можеле целосно да ја загубиме способноста за гледање на животните во нивната природна состојба.