Откако танцуваше на шипка во спотот на I just don’t know what to do with myself на White Stripes и се појави во записот за Velvet Morning на популарните Primal Scream, сега Кејт Мос ги спои силите со Џорџ Мајкл и глуми во видеото за неговата најнова песна, White Light.
Откако Кејт минатата година изјави за Telegraph дека за целата нејзина долгогодишна кариера најмногу се кае што не се појави во познатото видео за песната Freedom, во кое се снимени голем број познати модели, сега таа конечно успеа да ја оствари својата желба и да соработува со Џорџ Мајкл.
Информацијата се рашири минатата недела на Твитер, откако Мајкл на својот профил напиша дека 38-годишната манекенка ја игра главната улога во видеото за White Light. Главната тема што се провлекува во видеото вели дека животот на Џорџ е во совршен баланс, но за неговата судбина одлучува Кејт, која тоа го прави со фрлање паричка.
Мос е облечена во крзнена бунда, нејзината фризура е лежерна со кадрици што слободно паѓаат по лицето и таа е совршено нашминкана. Видеото официјално излезе денеска, а вчера беше пуштен и тизер.
{youtube}SRAOG-BpNOw{/youtube}