Храбра чивава избрка разбојници (видео)

кучеКога двајца вооружени ограбувачи влегле во продавница во Калифорнија и побарале торба полна со пари, најверојатно не очекувале да се соочат со отпор. Но Пако решил да им докаже дека грешат. Малата чивава решила да се обиде да го спречи нивниот обид да го ограбат неговиот сопственик.

Откако двајцата почнале да се закануваат со оружје, Пако се упатил кон нив и започнал да ги каса за глуждовите. Малото куче продолжило да лае по криминалците додека бегале и дури и откако впериле оружје во него. Некој можеби ќе рече дека Пако не го познава концептот на оружје, но и покрај тоа сепак се работи за едно храбро мало куче.

{youtube}cyHeM4KGXxA{/youtube}

- Реклама -