Како да ја намалите телесната тежина без диета?

Сите скаме да ја намалиме телесната тежина во најбрзо можно време, а најголемата грешка ја правиме кога прибегнуваме кон разни диети, создавајќи му шок на организмот.

Советите во продолжение дефинитивно ќе ви помогнат да успеете во намерата.

Вклучете го тајмерот пред да почнете со оброкот

Наместете го тајмерот на 20 минути и претворете се себе си во „бавен јадач“. Ова е најдобриот начин да загубите килограми без да бидете на диета. Планирајте го секој залак, така што последниот ќе го изедете со звукот на звончето. Оброците од малите порциии нудат поголемо задоволство. Кога брзате со јадењето, вашиот желудник нема време да му испрати информација на мозокот дека е сит. Ова доведува до прејаденост.

Повеќе спијте, помалку мерете се

Доколку спиете еден час повеќе за една година ќе намалите 6.5 килограми од вашата телесна тежина. Истражувањата покажуваат дека овој час спиење ќе го замени безделничното седење, а со тоа и јадењето од досада. Друго истражување покажува дека спиењето помалку од 7 часа го подигнува апетитот и ве прави несекојдневно гладни.

Сервирајте и јадете повеќе зеленчуци

За време на вечерата извадете најмалку три различни зеленчуци, така ќе изедете повеќе од очекуваното.Зеленчуците се полни со диетални влакна кои ќе ви помогнат во процесот на слабеење. Гответе ги зеленчуците без дополнителни масла. Наместо секакво сосови, додајте им лимунов сок.

Vegetable Burger

Јадете супа

Правете си супа од свежи зеленчуци и тестенини секој ден. Вака ќе внесувате помалку калории. Супата сервирајте ја пред главното јадење, бидејќи таа го забавува процесот на јадењето и го згаснува апетитот. Исбегнувајте ги крем супите, тие можат да содржат многу калории и масти.

Консумирајте производи од цело зрно

Кафеавиот ориз, јачменот, овесот, леќата, и пченица од цело зрно мораат да бидат дел од вашата стратегија за намалување килограми. Содржат малку калории и го подобруваат нивото на холестерол во организмот.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Намалете со алкохолот

Кога сте во прилика каде треба да се напиете некоја чаша алкохол, првата чаша проследете ја со чаша газирана или обична вода, а потоа потрудете се да не преминувате на друга. Алкохолот има повеќе калории по грам (7) отколку јаглехидрати (4) и протеини (4). Исто така, консумирајќи алкохол станувате понемарни и посегнувате по чипсови, грицки, пуканки и храна која во нормалните услови ја јадете во ограничени количини.

greentea

Зелен чај

Зелениот чај, исто така е добра стратегија за губење килограми. Консумирањето зелен чај го подобрува согорувањето на калориите преко делувањето на фитохемикалиите наречени катехини. Во најмала рака, добивате освежителен пијалок без тони калории.

Јадете дома

Јадете домашно готвена храна најмалку 5 дена во неделата. Готвењето дома може да биде многу забавно и многу полесно отколку што мислите.

Пауза во јадењето

Многу луѓе барем еднаш за време на оброкот знаат да направат прават пауза. Обрнете внимание на овој момент. Направете мала пауза, спуштете ја вилушката, довршете ја конверзацијата и не земајте залак додека зборувате. Ова може да биде тивок сигнал дека сте сити, но не и преполни.

Јадете од помали чинии

Наместо да јадете од огромна, следниот оброк сервирајте го во помала чинија. Луѓето кои јадат од помали чинии јадат помалку, докажува последното истражување. Преполовете ја вашата чинија, на тој начин ќе внесете 100-200 калории помалку во текот на денот кои се еднакви на 5 до 10 килограми годишно. Малку луѓе се свесни дека овој трик може да ви заштеди 200 калории во денот.

- Реклама -