Дознајте поради кого Нина ја прекинала својата пет годишна врска.
Финалистката на X Фактор, Нина Симиќ ја прекинала својата петгодишна врска и започнала романса со член на бендот „Highway trio”.
На бабицата од Младеновци, Катарина – Нина Симиќ и цветаат ружи на сите полиња од животот.
„Неодамна ја промени фризурата и тоа беше прв показател дека се подготвува голема промена и во љубовниот живот, што се испостави како точно“, вели извор близок на натпреварувачката.
Причината за расположението на Нина е новата љубов која и се случила токму на X Фактор. Како што дознава „Блиц“, пред само неколку дена згодната бринета и шармантниот фронтмен на црногорската група „Highway trio“, Петар започнале романса.
„Постојано се заедно. Одат заедно на проби и на снимања. Се гледа дека им е убаво и уживаат. Нина неодамна излезе од петгодишна врска, па се уште не сака да зборува за односите со Петар, но само прашање на време е кога нивната љубов ќе стане јавна“, вели изворот.
Двајцата најпрво биле пријатели.
„Прво меѓу нив се роди другарство, а сега и љубов, па не знаеме како ќе поднесат доколку некој испадне од натпреварувањето“.
Наводно, двајцата размислувале и за заедничко летување. После стресниот избор сигурно добро ќе им дојде.