Неблагодарен дуел: Јелена го напушти шоуто (видео)

„Шоуто мора да продолжи“, меѓутоа без еден од најдобрите вокали кои засега се појавија во двете сезони на регионалниот X Фактор.

Имено, шармантната мајка Јелена Џуриќ е лицето кое од следниот викенд нема да го гледаме на малите екрани, откако излезе од игра, по жестокиот дуел со убавата Нина Симиќ.

Нина, која минатата седмица ја прогласивме за најлош настап, се покажа како достојна конкуренција на талентираната Џукиќ, изведувајќи ја тешката „Зајди зајди“, во дуелот за спас. Јелена за крај ја испеа „Imagine“ од Џон Ленон, по која што со солзи во очите ја напушти сцената.

Еве ги настапите од жестокиот двобој.

Нина

Јелена

За крај потсетуваме на најдобриот настап на Јелена, што ќе го паметиме уште долго.

- Реклама -