Продукцискиот тим на „X Factor Adria“, соопшти во вечерашното шоу дека финалистите во втората сезона на оваа програма ќе бидат специјални гости на концертот на Роби Вилијамс, закажан за 17. јуни во Ушче.
Жирото во еден момент изјави дека талентите не го воодушевиле само регионот, туку и Роби Вилијамс, кој одлучил токму тие да настапат на неговиот концерт.
– Самиот Роби Вилијамс ве гледал како ја изведувате неговата песна „Let me entertain you“ и решил сите финалисти да ги вклучи во неговиот настап на 17 јуни на Ушче, им рекоа членовите на жири комисијата на натпреварувачите, што предизвика радости во бекстејџот.
Како звучат овие таленти, додека Роби пее, потсетете се во продолжение.