Уште еден тежок и емотивен викенд за натпреварувачите на регионалното шоу „X Фактор“.
Во емисијата наменета за пеење на „Евровизиски песни“, која што се одржа викендов ( во неделата и понеделникот) шоуто го напуштија двајца натпреварувачи, поточно четворица. Имено, трите девојки од бендот „Анџелине“ и талентираниот Никола Маријановиќ.
Изненадување на вечерта беше тоа што продукцијата одлучила да ја врати во шоуто Данијела Вечериновиќ, која што освоила најмногу гласови од самите кандидати, па повторно ќе имаме можност да уживаме во нејзината специфична интерпретација и стил.
Доколку сакате да ги видите сите настапи од оваа седмица, клинете на следниот ЛИНК.