Сите останаа изненадени откако разбраа колку се здебелила Пинк на доделувањето на BMI Музичките награди, а многумина коментираа дека не им се допаѓа начинот на кој што изгледа нејзиното тело во моментов.
Сепак, на музичката ѕвезда воопшто не и претставиле проблем ваквите коментари.
„ Јас мислам дека луѓето имаат погрешни сфаќања. Тие мислат дека нивното мислење е важно и „држи вода“, па не ми е јасно зошто си даваат толку многу големо значење. Затоа, сакам да им нагласам дека не ми е грижа, за нивните коментари“, изјави Пинк.
Таа додаде дека живее исполнето.
„ Мојот живот е исполнет. Сакам храна и многу сакам да готвам. Тоа ми дава задоволство“, додаде пејачката.