Селена Гомез е уште една од ѕвездите која си ја одзеде „невиноста“ појавувајќи се гола за списание.
За нејзина несреќа – попусто го направи тоа. На фановите на Селена, не само што не им се допадна новиот потфат на пејачката, туку фотогарфиите ги оценија како непристојни и угнетувачки.
Според обожавателите на сликите, Гомез изгледа како 12-годишна „Лолитка“, а фотографиите имаат непријатен и педофилски контекст.
„Кој го измислил концептот на соблекување?”,
„Каква е оваа шминка”
„Таа изгледа како голо дете”
Ова се само дел од негативните коментари за фотосесијата на Гомез.
Ако човек се загледа во сликите на Селена нема како да не забележи дека очигледно главната цел била ѕвездата да се претстави како невина, но провокативна млада девојка. Досега, сепак 22-годишната Селена Гомез не ја коментираше фотосесијата и сите негативни коментари, упатени кон неа.