Не може секој да биде победник на доделувањето на Еми наградите- и за време на церемонијата и на црвениот тепих.
Лена Дунхам, Сара Полсон и Мајем Биалик ставија на себе „наметки“ кои беа несоодветни, ниту за црвениот тепих, ниту на нивната фигура, но Лена најмногу се истакна како модно промашување.
Ѕвездата од „Girls“ Леан покажа дека кога станува збор за модата, девојките само сакаат да се забавуваат.
Лена беше номинирана за најдобра актерка во комедија-серија, и пристигна на црвениот тепих носејќи розево балетско здолниште Giambattista Valli со розева кошула. Долгото здолниште се прелеваше од светло розеви до темно црвени нијанси. Нејзината нова боја на косата мислела дека ќе го надополни овој изглед, но се чини дека згрешила.