Иако секогаш е безпрекорна, овој пат Анџелина Џоли требало да се види во огледало пред да излезе од автомобилот.
Познатата актерка Анџелина Џоли и нејзиниот вереник Бред Пит се појавија заедно на свечена премиера во Њујорк.
Холивудскиот пар секогаш сјае, а така ќе беше и овој пат ако на Анџелина не ѝ останало вишок шминка на лицето. Всушност, изгледа дека нејзиниот шминкер не го тргнал остатокот од пудрата која ја фиксира шминката на лицето, па така една од најубавите жени на светот на премиерата се прошета со бели траги на лицето. Ах, тоа се случува и на најдобрите.
Џоли инаку беше присутна како поддршка на својот сакан кој го продуцирал новиот филм базиран на драмата ‘The Normal Heart’. Приказната е за ширењето на HIV/AIDS во Њујорк во 80-тите години од минатиот век.