Џенифер Лопез во фустан како од „Адамсови“

Таа секогаш успева да изнајде начини преку кои ќе ги истакне нејзините облини. Но во саботата, на 17-годишнината од Кампањата за човекови права во Вашингтон, Џенифер Лопез се чини дека малку ја пречекори линијата.

44-годишната прекрасна бринета се појави во необична бордо креација за која многумина коментираа дека наликува на познатиот стил на Мортиша Адамс од филмот „The Addams Family“.

Колку и да ја истакнуваше беспрекорната фигура на Џенифер, мора да признаеме дека овој фустан е вистински „моден УПС“.

article-0-188C7B29