Само Ријана може да облече нешто вакво. Таа е најчестата „гостинка“ во рубриката моден упс. Па, како и не би била со ваков вкус.
Последното од неа е комплет со знамиња од разни држави од светот и чанта со златен пенис на неа.
25-годишната пејачка моментално е во Лондон, а со oвој аутфит изгледа сака да покаже дека многу шета. Таа позираше пред папараците во луди пози со исплазен јазик. Чантата толку многу и се допаднала, па Ријана и на Твитер и се заблагодарила на Вивиен Вестувд за неа. „Супер импресивно!!! Благоарност до мојата Вествуд фамилија“, напишала Рири.