Нов тренд? Ријана со украс на предните заби

Оваа година во центарот на вниманието на MTV Video Music Awards се најдоа Лејди Гага и Тејлор Свифт кои ги допреа границите на екстремното бизарно и екстремно гламурозното. Сепак, некаде меѓу сите нив се најде Ријана која изненади со просечниот аутфит кој иако мошне вообичаен не предизвикa никакви забелешки забелешки. Сепак, во моментот кога згодната пејачка ја покажа својата убава насмевка, успеавме да забележиме нешто невообичаено. Чуден светкав аксесоар меѓу предните заби го расипуваше убавиот изглед на пејачката. Тотално непотребен моден детаљ кој уништи се.

article-2402035-1B7690FB000005DC-450_634x716 

- Реклама -