Пругастиот сребрено-бел комплет на фигурата на Рита Ора изгледа навистина одлично. И токму кога решивме да ја пофалиме дека има мало подобрување во модниот избор, ги здогледавме нејзините чизми.
Ви текнува на оние парчиња облека за кои се прашувате со пријателките зошто воопшто постојат и дали некој би ги купил?? Епа, очигледно Рита Ора би ги купила.
Сериозно, ваквите високи потпетици изгледаат лошо дури и на убавите долги нозе на косовската пејачка.