Многу ѕвезди не пропуштија да го видат, како што претходнo бeше најавено, мечот на векот.
Но, дивата ги засени сите во Лас Вегас.
Бијонсе уште еднаш го оправда својот статус. Иако американецот Флојд Мејведер Џуниор во „мечот на векот“ во Лас Вегас го победи филипинецот Мани Пакијао со едногласна одлука на судиите, а првата победничка во стајлингот на вечерта беше дефинитивно ѕвездата Бијонсе.
Таа пристигна во придружба на сопругот Џеј-Зи, а своето секси тело го нагласи со црвен комбинезон и длабоко деколте. Дивата знае како да привлече внимание.
Боксеркиот спектакал во Лас Вегас предизвика огромен медиумски интерес. Организаторите добиле дури 18,000 барања за акредитација на новинари, а одобрени биле само 1,500.
Во салата било како на доделувањето на Оскарите, полно со холивудски ѕвезди. Од првите редови мечот го следеле ѕвезди како Клинт Иствуд, Роберт де Ниро, Дензел Вашингтон, Бен Афлек, Бредли Купер и Марк Волберг, легендата на НБА лигата Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Чарлс Баркли и Реџи Милер, тенисерот Андре Агаси и неговата сопруга Стефани Граф, поранешниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон, Шугар Реј Леонард, пејачот Стинг…