Таму каде што завршува патот, таму почнува тунелот

Ви го претставуваме Оресунд. Започнува како мост, завршува како тунел, и е архитектонско чудо што ги поврзува Копенхаген и Малме.

Мостот е со должина од 8 километри, а продолжува во тунел со должина од 4 километри. Но тоа немаше да биде толку импресивно ако тунелот не почнуваше среде море.

4679065119_bf99e75d3b_b

Мостот е дизајниран од страна на данската фирма COWI, на чело со главниот архитект Џорџ Ротном. Завршува на вештачки остров за чија изградба е користен материјал изваден од морското дно, додека самиот тунел е направен од бетон.

Флората и фауната на островот се оставени слободно да се развиваат, па во меѓувреме стана и рај за биолозите, кои таму пронајдоа 500 различни видови на билки, но и многубројни птици, како и ретки зелени жаби.

9113417538_c86aa83bb3_b

Две третини од луѓето кои го минале мостот, тоа го направиле со воз, а возењето од Копенхаген  до Малме трае околу 35 минути. Сите други си плаќаат патарина, што е и очекувано.

12416217355_7b3f04b31b_b

- Реклама -