Оние кои го познавале Џо Манџанело додека бил тинејџер, не би можеле да замислат дека тој ќе се претвори во фраер каков што е денес.
Денес е познат по своите мускули и извајаното тело, а некогаш тој беше мало, слабо момче со смешна фризура и очила.
По сопствено признание, тогаш се обидувал да се занимава со спорт, но безуспешно.
За тоа сведочи и неговата фотографија од средно училиште, на која воопшто не личи на себе.
Тогаш веројатно не можел ни да замисли дека еден ден ќе го освои срцето на една од најпознатите и најпосакуваните холивудски актерки- Софија Вергара, со која сега планира и венчавка.