Многумина приметија дека градите не се единствената работа која изгледа малку поинаку на славната раперка.
На овогодинешното доделување на Billboard Music Awards поп принцезата Бритни Спирс и раперката Иги Азалеа премиерно ја изведоа нивниот нов хит-сингл „Pretty Girls“. Освен новата песна, сите имаа прилика да го видат нов изглед на славната пејачка Иги која одлучи да ја скрати својата коса, а врвовите да ги обои розево.
Пејачката неодамна изјави за „Vogue“ дека, по долго размислување, пред четири месеци ги зголеми градите. Но, многумина забележаа дека градите не се единствената работа која изгледа малку различно.
„Ги обожава своите нови гради. Не беше среќна ни со својот нос, па откога ги зголеми градите сакаже да го среди носот.А во исто време потоа ја оперирала брадата бидејќи ниту со неа не беше баш задоволна“, изјави извор за Just Jared.
Иги и нејзиниот потпарол не ги коментираа гласините и тансформацијата, па можеме само да шпекулираме. Сепак, фотографиите говорат сами за себе, па проценете сами.