Некогаш беше Мис на Југославија, денес е сопруга на шеик

Јелена бин Драи (35) е поранешна Mис на Југославија, која што денес работи во Дубаи и има хуманитарна фондација.

Таа е среќно омажена за шеикот Саид,  и вели дека тој и е најголемата поддршка во животот.

„Среќна сум што го имам него, човекот кој повеќе од една деценија ме поддржува во се што јас сакам, меѓу кои и  хуманитарната работа. Никогаш не ми рекол „не“ кога му сум му барала пари. Како и Арапите воопшто, вели Јелена низ шега за „Блиц“.

„Моите деца потекнуваат од мешовит брак, од мајка христијанка и татко муслиман, така што за мене во таа смисла не постои никаква граница што се однесува до верата, религијата, културата, бојата на кожата или националноста, додава Јелена.

Јелена и Саид се запознале во Дубаи пред 13 години. Нејзиниот сопруг е син на некогашен министер за протокол, заедно имаат три деца, ќерката Асја и синовите Хамдан и Хилал.

miss srbija 12_1349696219_675x0

 

- Реклама -