Депардје некогаш изгледал вака додека ограбувал гробови и бил во затвор

Жерар Депардје, еден од најталентираните француски актери, открил шокантни тајни во неговата автобиографија.

Тој пишувал за ограбувањето на гробови во младоста, тепањата, шверцувањето на цигари и проституција.

Три месеци поминал во затвор за крадење на автомобил, а училишните празници ги поминал во јавен тоалет на аеродромот Орли, каде работела неговата баба.

Screenshot_3

Во книгата „Ça s’est fait comme ça“ (Така беше) Депардје наведува дека никогаш не требало да биде роден.

– Сум го преживеал сето насилство што мојата кутра мајка го спроведувала на себеси со игли за шиењеи останати работи додека била бремена со мене. Третото дете кое не го сакала бев јас. Преживеав- пишува во книгата.

– Тешко ми е да помислам дека речиси сум те убила- ми говореше подоцна во животот.

Познатиот актер почнал да талка по улиците на свои 10 години, и како што вели, брзо сфатил дека станал привлечен за мажите.

He also describes stealing watches and money from students  in the May 1968 anti-government protests

Исто така, признал дека повремено му помагал на човек да ископуваат закопани тела во гробишатата и го краделе накитот и чевлите од нив.

На 16 години поминал три недели во затвор поради кражба на автомобил. Поради пари бил и насилник во 20-тите години.

– Во тие години во мене беше силеџијата кое е жив и кој тепа- навел актерот.

Во автобиографијата, исто така, пишува за неочекуваното пријателство со рускиот претседател Владимир Путин, како и за смртта на синот Жилијам во 2008 година.

- Реклама -