Славната водителка не изгледала отсекогаш вака.
Толку долго ја гледаме на телевизиските екрани, што не е лесно да го замислиме телевизискиот свет без Опра Винфри.
Таа објавила свое видео од аудиција од 1983. година на која што аплицирала за едно од своите први телевизиски работни места.
– Поздрав, моето име е Опра Винфри. O-P-R-A-H. Harpo, доколку читате од назад. Добив библиско име. Мојата тетка Ида ме крстила така, но никој од моите дома не знаеше како се изговара, па на крајот станав Опра“, вели водителката.
Опра објаснува како се пријавила на аудицијата откако слушнала дека утринско шоу во Чикаго бара водителка.
„ Бев опседната да ја добијам оваа табота. Воопшто не разбирам како ја добив“, признава Опра.