На Златаната Бубамара со наградата за животно дело се закити Драган Каранфиловски Бојс.
Тој ја започна музичката кариера во 1973 година, формирајќи ја музичката група “Македонија”. Најголемите успеси како автор ги постигнува како член на култната битолската група “Мадригали”, подоцна преименувана во “Трн во око”.
Со овие две групи, тој ги снима своите најпознати рок песни, а на гитаријадата во Заечар, во 1977 година, со групата “Мадригали” ја освојува првата награда од публиката и првата награда од музичкото списание “Џубокс”.
Подоцна, Драган Каранфиловски – Бојс започнува успешна кариера како кантавтор, пишувајќи поп песни и песни за деца. Од неговите песни, најпознати се: „Опасно сум вљубен во тебе”, “Валерија”, “Лулај ме нежно”, “Парижанка”, “Весела романтика”, “Афричко лето” итн.
Тој е автор и на рефренот на песната „100% те љубам” на групата “XXL”, која во 2000 година ја претставуваше Македонија на Евросонг.
Да се потсетиме на неговите хитови.
А вака изгледа денес – неговиот настап на Златна Бубамара.