Бразилската манекенка Алесандра Амбросио на својот инстаграм профил постави фотографија на која таа и Адриана Лима се наоѓаат на почетокот на своите кариери и докажа дека тие навистина заслужуваат да бидат „Ангелите на Викторија“.
Таа под фотографијата навела дека на сликата и двете имаат по 18 години и истата е направена во 2000 година.
Овие бразилски убавици позирале последен пат заедно во април годинава за магазинот “Vybz” и ако ги споредиме некогаш и сега можеме да заклучиме дака за повеќе од 10 години многу работи се промениле но нивната убавина останала иста.
На Јутуб и понатаму е активно видеото на првата ревија на Лима во 1999 година.