Мајли Сајрус: Хана Монтана е убиена!

Пејачката Мајли Сајрус, 20 не престанува да ја провоцира американската јавност и да ги шокира обожавателите со изјави за почетоците на кариерата кога ја глумеше шармантната Хана Монтана.

Пејачката изведуваше скечеви во шоуто „Saturday Night Live“ кои повторно и послужија за пресметка со старата улога, а на продуцентите на шоуто им забранила да пишуваат скечеви на таа тема.

„Вечерва нема да изведувам сцени од Хана Монтана, но може да ви кажам дека таа е убиена“, изјавила Мајли.

Само забележете ја огромната разлика во нејзиниот изглед како Хана Монтана и сега, како лудата и бунтовна Мајли Сајрус.

Untitled-11

- Реклама -