Каде исчезна и со што се занимава најпознатиот илузионист во светот?
Легендарниот магионичар Дејвид Коперфилд потпиша тригодишен договор со луксузните хотели MGM Grand во кои и понатаму ќе ги одржува неговите познати илузионистички шоуа. Но, тоа не е се. За да му се оддаде признание, по него ќе биде именуван еден хотел.
И покрај неговите шоуа, тоа по што Коперфилд моментно е најпознат не се триковите туку прекрасните Бахамски острови, дури 11, од кои направил луксузен ресорт.
Во нив 56 годишниот магионичар вложил 90 милиони долари, а има само елитни гости како Опра Винфри, Џон Траволта… Една ноќ во ресортот, наречен „Islands of Copperfield Bay“ чини 37 500 долари. Еден од островите може да погледнете ТУКА!
Коперфилд живее во Лас Вегас со вереницата Клое Госелин со која ја има тригодишната Скај. Тој неколку години работи на нов трик за кој тврди дека ќе биде навистина голема работа. Го нарекол „Jurassic Park – sized magic“.