Браковите на познатите вообичаено траат кратко, па поради тоа оваа среќничка се пофали со 22-годишнината од нејзиниот брак.
41-годишната холивудска стилистка Рејчел Зое е во брак со Роџер Берман 22 години. За Холивуд тоа е навистина реткост, па гордата Рејчел сподели дел од прославата и на социјалните мрежи. Прво објави фотографија од почетокот на нивната врска: „OMG…морав да ја објавам оваа фотографија!Колку е сладок Роџер!“.
Дизајнерката потоа објави фотографија од прославата на годишнината и напиша: „Среќна годишница. 22 благословени години“.