Спортска елеганција: Вака изгледа Ноле надвор од теренот

Како што се приближува датумот за почеток на најпрестижниот тениски турнир на трева, Новак Ѓоковиќ веќе пристигна во Лондон, каде се подготвува за почетокот на турнирот.

„Вимболдон“ започнува на 29-ти јуни, а Новак Ѓоковиќ е назначен за прв носител на овој турнир. Пред целосно да се посвети на професионалните обврски и тренирања, Ноле ги искористил слободните денови за да се прошета по улиците на Лондон, каде го сликаа и насобраните фотографи.

632158_novak-djokovic-foto-profimedia_ff

Насмеан и видливо расположен за сликање, Новак во Лондон се прошета во сино сако, под кое носи светло сина кошула и крем панталони. Оваа комбинацијата е класика, а во Лондон тоа и се бара.

- Реклама -