Само пред десетина дена на интернет беа објавени еден куп необработени слики на Бијонсе, дел од кампањата за козметичкиот гигант LÓreal.
Прочитај повеќе: Бијонсе со брчки и акни: Протекоа фотографии без фотошоп
Сега во мрежата повторно се појавија фотографии без фотошоп, но на друга ѕвезда – Џенифер Лопез.
Кадрите на Бијонсе ги поделија во целост фановите на социјалните мрежи. Имено, дел од нив се прашуваа зошто поп пејачката изгледа толку лошо, а други ја бранеа, велејќи дека таа е човек како сите нас.
Нешто сугерира дека случајот со фотографиите на Лопез нема да биде сличен. Да, сликите повторно истекуваат без дозвола, а освен тоа, исто така се дел од фотосесија на Џенифер за LÓreal.
Лопез сепак изгледа неверојатно. Да, на 45 години и без ронка фотошоп таа докажува дека има што да им покаже на своите млади колешки. Без разлика на малите стрии на задникот, Џеј Ло може да биде инспирација за сите жени во светот, кои ги поминале 40-ите години од својот живот.