Старлетата Ким Кардашијан и без овој стајлинг е претставник на кич „културата“, но со ова излегување само ја потврди својата титула.
Таа се појави на црвениот килим во фустан, налик на наметка со циркони и кристали под која не носеше ништо, а овој храбар подвиг критичарите го оценија како несоодветен и кичест. Нашата реакција е моден УПС на денот.
Тука е и моментот со Канје Вест и вообичаеното искажување на нивните страсти во јавност.
Уште една од фотогарфиите што се раширија во јавноста, насловена како „Целулитот на Ким“.
И за крај, таа толку била воодушевена од својата креација, што ја одбрал нејзиниот сопруг за неа, па решила да ја покаже и на аеродромот, пред да зачекори низ килимот на славните.