Ким Кардашијан важи за една од најпознатите модни икони во моментов, меѓу познатите личности, која и покрај критиките кон изборот на облека смело продолжува да се обложува на модни парчиња кои ги ставаат нејзините облини во прв план. Но, ете, дојде денот во кој и реалити дивата се почувствува несигурна во врска со стилот и одлучи да украде инспирација за нејзината визија од друга ѕвезда и тоа не која и да е – туку една од нејзините сестри, 17-годишната Кајли Џенер.
Имено, Ким присуствуваше на настанот BET Honors во Вашингтон, каде што се појави облечена слично на она што Кајли го покажа само еден ден порано.