Ким претера со прстени

Ким Кардашијан се врати од Неделата на модата во Париз, каде што заедно со сопругот и нивната мала ќеркичка Норт Вест беше гостинка на разни ревии на модни куќи како Balmain и Givenchy.Во моентов риалити дивата е повторно во својот сакан во Лос Анџелес и пред неколку дена беше фотографирана од папараците додека излегуваше од луксузен салон за убавина во градот. Таа несомнено е од ѕвездите кои дури и во секојдневниот живот вложуваат време и пари во шик визии и ретко можат да бидат забележани без потпетици.

1412655602073_wps_33_Pictured_Kim_Kardashian_M

 

Ова наше тврдење се докажува од изгледот, која 33-годишната Ким го демонстрираше пред студиото за убавина. Кардашијан беше облечена во краток бел топ и кремаво асиметрично здолниште со висока половина. Друштво и правеа црни гладијаторски сандали. Косата на Ким беше слободно пуштена.

Подоцна во текот на денот риалити тигрицата објави на својот профил на Инстаграм слика, на која се гледа дека во чест на малата Норт Вест на рацете на Кардашијан блеснаа златни прстени, кои заедно го испишуваат името на 14-месечната ќерка.

1412656975224_wps_51_Kim_Kardashian_nails

- Реклама -